spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Меморандум за соработка со Американската стопанска комора – Ќе се поттикнува...

МФ: Меморандум за соработка со Американската стопанска комора – Ќе се поттикнува и зајакнува меѓусебната деловна врска

Министерството за финансии и Американската стопанска комора, во рамките на својата визија, мисија и цели, заеднички ќе дејствуваат, ќе ги зајакнуваат меѓусебните деловни врски и ќе разменуваат искуства преку Меморандум за соработка, кој денеска беше потпишан од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и извршната директорка на Американската стопанска комора Јелена Арсовска.

„Со Меморандумот се отвора едно ново поглавје во меѓусебната соработка со бизнис-заедницата претставувана од Американската стопанска комора. Министерството за финансии заедно со Комората ќе работат на поттикнување, поддршка и логистика во спроведувањето на соработката од заеднички интерес, организирање работилници, обуки и други форми на доусовршување, размена на искуства, стручно усовршување, како и имплементација на проекти“, рече министерката за финансии.

Меморандумот за соработка отвора значајна можност Американската стопанска комора да даде свој придонес во едукацијата и професионалниот развој на вработените во јавниот сектор преку поддршка на Академијата за јавни финансии. Со оваа иницијатива се поттикнува соработка која ќе овозможи примена на современи знаења, ресурси и експертиза во процесите на обука и развој на капацитетите на јавните институции.

Потпишувањето на Меморандумот е дел од определбата на Министерството за финансии за градење партнерски однос со бизнис-заедницата и создавање предуслови за поголема меѓусебна соработка. Целта е преку Академијата за јавни финансии да се зајакнат капацитетите на државните институции, а можностите што ги нуди да бидат искористени и од приватниот сектор.

Извор: Министерство за Финансии

Прочитајте