spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Наредната недела ќе бидат објавени 5 Јавни повици за...

МЗШВ: Трипуновски – Наредната недела ќе бидат објавени 5 Јавни повици за распределба на земјоделско земјиште

„Јас во изминатиот период најавував дека ќе има распределба на земјоделско земјиште и веќе се завршени сите официјални процедури. Наредниот период односно идната недела ќе бидат објавени вкупно 5 Јавни повици за распределба на слободно земјоделско земјиште“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека целта со распределба на земјиштето е да се зголеми продуктивноста и да се зголеми производството во државата.

„Од тие 5 Јавни повици, еден ќе биде за легализација на подигнати долгогодишни насади. Со оваа активност сакаме да го ставиме сето земјоделско земјиште во рацете на вистинските земјоделци“, заклучи министерот.

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...