Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта со засилено темпо се одвива градежната експанзија за подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден во сите населени места.
Асфалтирани се три краци 2, 4 и 5 од улица “7“ во Кадино со вкупна должина од околу 400 метри.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека Општина Илинден посветува големо внимание на одржувањето на патната инфраструктура. Овие улици претходно беа оштетени поради изградбата на фекална канализација, а сега се асфалтираат со цел подобрување на парната инфраструктура и квалитетот на животот на граѓаните.
Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.
Извор: Општина Илинден