spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Асфалтирање на улици оштетени од фекална канализација во Ограѓе

Илинден: Асфалтирање на улици оштетени од фекална канализација во Ограѓе

Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден, продолжува со градежната експанзија која се одвива со засилено темпо во населените места.

Во таа насока извршено е целосно асфалтирање на краците 3,5 и 7 од улица „7“ во месноста викана Ограѓе, населба Илинден, во вкупна должина од 200 метри.

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски овие улици се асфалирани, бидејќи претходно беше изградена примарна мрежа за фекална канализација во вкупна должина од 960 метри која се поврза со пречистителната станица во н.м Илинден, со што овој инфрастурктурен проект целосно е завршен.

На овој начин на 70 домаќинства од овој дел на населба Илинден, им се овозможи подобрена патна инфраструктура и поквалитетен живот.

Инвестирањето во патната и комуналната инфраструктура е од огромно значење за унапредувањето на животната средина и условите за живот во локалната заедница.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...