spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден.

Во ова издание е опфатена историјата на формирањето, развојот и активностите кои се извршени за педиодот од 14 години на постоење на Здружението на пензионери „Илинден“.

Во знак на благодарност за поддршката, актуелниот пертседател на Здружението на пензионери Васе Ѓорѓиевски, му додели плакена на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, а тој истакна дека локалната самоуправа во континуитет во рамки на своите можности ги подржува, ги следи потребите на пензионерите и се труди секогаш да им излезе во пресрет на активносите на Здружението на пензионери „Илинден“ од општина Илинден.

Токму во таа насока е поддршката за издавањето и на оваа монографија, во која се впишани сите важни информации од почетокот на формирањето на здружението се до денес. Останатите активности за поддршка на пензионерите се и овозможените содветни просторни услови во домовите на култура во населените места во општината, пензионерите имаат свој простор кој можат да го користат за своите тековни активности, дружења, социјализација и состаноци. Допонително од страна на општината се подржуваат повеќето програмски активности и случувања од различни области кои ги одржуваат и организираат Здружението на пензионери „Илинден“.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со заложби и ангажман во однос на грижата за пензионерите од општината, со единствена цел да се овозможи подолг, поквалитетен и поудобен живот на пензионерите.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Илинден: Седница на Локалниот совет за превенција

0
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ја одржа редовна седница на Локалниот Совет за превенција со претставници од надлежни институции, а во рамки на...