spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Министерот Лимани на предновогодишно дружење со децата од групните домови при...

МСПДМ: Министерот Лимани на предновогодишно дружење со децата од групните домови при ЈУ „25мај“

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ги посети децата од групните домови при ЈУ „25 мај“. Во духот на новогодишните празници, посетата беше и прилика за новогодишни подароци и дружење.

Во моментов 16 деца на возраст од 11 до 18 години се згрижени во станбените единици при Јавната установа 25 Мај, деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение. Децата тука добиваат 24 часовна грижа од стручен тим и со нивна поддршка ги извршуваат своите секојдневни обврски.

Тие преку индивидуална работа со секое дете го откриваат неговиот потенцијал и го насочуваат и охрабруваат да ги оствари своите идеи и планови. Заедно ги надминуваат и предизвиците но, заедно ги прославуваат и победите и успесите, бидејќи функционираат како едно големо семејство во кое секој член е еднаков.

Со трансформацијата на институционалната грижа во групно домување, освен што се  подобрени условите за живот на децата, младите до 18 годишна возраст стекнуваат нови пријателства со своите врсници од опкружувањето. Преку заедничкото живеење тие стекнуваат навики за меѓусебно помагање и поддршка.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МЖСПП: Пресек на реализираните активности на проектот „Подобрување на отпорноста кон...

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на завршниот состанокот на Управниот одбор на повеќегодишниот проект „Подобрување на отпорноста кон...