spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш...

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени во врска со вчерашната објава дека е започната исплатата на субвенциите за земјоделците, информираше дека е направена историски голема исплата. Само во последниот период  се исплатени повеќе од 28 милиони евра, а посебно во последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат.

„Да сакам да кажам дека историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија и тоа  е нешто коешто навистина претставува големо постигнување. Повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниот период. Инаку вкупно во цела година се исплатени, а посебно последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат. Но тука не треба да се игнорира и заборави дека имаме историска највисока цена за лозарите, за тутунарите, за останатите земјоделски култури, коишто навистина претставуваат исклучителни рекорди коишто досега се незабележани“, изјави премиерот.

Целта на оваа влада меѓу другото е уште  повеќе да произведуваме храна нагласи премиерот, помалку да увезуваме, а повеќе да извезуваме.

„Јас навистина сум задоволен од тоа како се менаџираат ресурсите и се надевам дека ова само ќе биде мотив повеќе за земјоделците, следната година заеднички уште подобро да се организираме и уште повеќе да произведуваме, помалку да увезуваме храна, туку да извезуваме. Тоа е она што претставува цел на оваа Владата и ќе има реформи во политиката на субвенционирање и ќе има реформи во политиката на приоритети. Така што сега за  сега можам да кажам дека сум исклучително задоволен од тоа коешто е постигнато“, рече премиерот Мицкоски.

Извор: Влада

Прочитајте