Добро еве јас во интерес на времето ќе бидам краток бидејќи Орце градоначалникот кажа се што требаше да се каже, а е поврзано со самиот проект. Ова е еден од оние проекти што се дел од оној проект којшто Владата го финансира, односно средствата коишто се реалоцирани од централниот буџет кон општините, тука во Кисела Вода ќе имаме уште неколку такви, се подговуваат и други проекти за периодот којшто следи, односно за следниот повик.
Јас сум сигурен дека со овие проекти како овој ќе додадеме вредност во квалитетот на животите на граѓаните од ова населено место, од општината Кисела Вода, но како што кажа и градоначалникот и од соседната општина, Студеничани.
Ние продолжуваме да ги реализираме ветените проекти, ветените работи. Јас му честитам на градоначалникот, на администрацијата на општината, на пратениците, на луѓето коишто помогнаа сето ова да се реализира, бидејќи знаете треба да се подготви техничка документација, одобрение соодветно итн итн.
Продолжуваме со иста динамика, продолжуваме да го испорачуваме тоа што сме го ветиле на граѓаните, бидејќи за тоа сме ја добиле и довербата и во периодот којшто следи.
Извор: Влада