spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Минчев ги презентира клучни реформи во јавната администрација

МЈА: Минчев ги презентира клучни реформи во јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес на прес конференција ги презентираше клучните реформи и предлог законските решенија кои ќе значат пресвртница во управувањето со јавниот сектор.

Министерот Минчев истакна дека новите закони – Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, и Законот за инспекциски надзор – претставуваат темел за департизација, професионализација и зголемување на ефикасноста на јавната администрација.

Во своето излагање, министерот Минчев истакна дека овие законски решенија се резултат на транспарентен и инклузивен процес, со вклучување на експерти, граѓански здруженија, синдикати, академската заедница, ЗЕЛС и меѓународни партнери, преку јавни дебати и консултации.

Министерството се залага за:

• Департизација на јавната администрација, со цел вработувањата да бидат базирани на заслуги и компетенции;

• Транспарентни процедури за вработување, со јавно достапни огласи и фер процес на селекција;

• Континуирана обука и развој, преку нова Академија за администрација;

• Рационализација и заштеда на буџетски средства, преку реорганизација на инспекциските органи;

• Објективно следење на учинокот и унапредување на административните службеници.

Една од клучните промени е и префрлањето на Агенцијата за администрација под надлежност на Министерството, што ќе обезбеди поголема координација и отчетност.

Како дел од реформите, се најави и усогласување на платите на административните службеници со Општиот колективен договор, што ќе доведе до просечно зголемување од 8% од 1 март 2025 година.

„Со овие реформи докажуваме дека јавната администрација е сервис на граѓаните, а не алатка за политички интереси. Ова е чекор напред кон модерна и професионална администрација која ќе ги исполнува европските стандарди,“ – изјави министерот Минчев.

По завршувањето на прес конференцијата, предлог законите ќе бидат објавени на платформата ЕНЕР за дополнителна јавна консултација.

Министерството за јавна администрација ја повикува јавноста да го следи овој процес и да даде свој придонес во реформите што ја водат Македонија на патот кон европските стандарди.

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба...