spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Усвоен рекорден буџет од 828 милиони денари

Бутел: Усвоен рекорден буџет од 828 милиони денари

На седница на Советот на oпштина Бутел беше усвоен најголемиот проектиран буџет од 828 милиони денари.Усвоениот буџет е развоен буџет и буџет кој е наменет исклучиво во служба на граѓаните. Буџетот за 2025 година значи реализирање на барањата на граѓаните.

За жал советниците од ДУИ не го поддржаа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, не поддржаа асфалтирање на нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржаа развојот на општина Бутел. Советниците на ДУИ 20 години не покажуваат никаков интерес за граѓаните на општина Бутел.

Во буџетот за 2025 год. се предвидени 178 милиони денари за капитални проекти.

Со овој буџет се издвоени финансиски средства  за реализација на парк во населбата Радишани, пешачка патека покрај река Серава, детска градинка во  Бутел 2,уредување на речното корито на река Серава, реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел, реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици, изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација, изградба на нови спортско-рекреативни центри, нови детски игралишта, нови спортски игралишта,нови пешачки и пристапни патеки, поддршка на спортски клубови, спортски стипендии, субвенционирање за кровови и фасади, парична помош за пензионерите,зголемен број на финансиски средства за помош на социјално-загрозени семејства и средства за културни и спортски настани.
Во овој буџет предвиени се нула средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци. Парите на граѓаните ќе се користат исклучиво за нивни потреби.

2025 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места.Општина Бутел продолжува да се развива во модерна, стабилна и просперитетна општина.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте