Почитувани граѓани,
Почитувани претставници на Светска банка и меѓународните партнери,
Почитувани членови на владата, пратеници, градоначалници, сите присутни, ќе ми простите ако некого не споменам.
Со особена чест и задоволство, денес сме тука за да ја одбележиме оваа значајна пресвртница- свеченото отворање на експресниот пат Крива Паланка- Длабочица- Страцин.
Овој инфраструктурен проект, долг 25.55 километри, претставува не само несомнен градежен успех, туку и симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија.
Проектот што денес го пуштаме во употреба е резултат на макотрпна работа, на силна посветеност и на постојана соработка со нашите партнери од Светската банка кои преку заем и грант во висина од таа што ја кажа директорот на Јавното претпријатие за Државни патишта, дадоа огромна поддршка за негова реализација.
Сите овие работи генерално ги кажа директорот на Јавното претпријатие за Државни патишта, сите оние технички факти.
Јас би сакал неколку други работи да споменам кои што можеби не беа кажани.
Ќе ми дозволите и јас да се заблагодарам, најпрвин на секој еден рабоник кој што во изминативе пет месеци остави дел од својот живот овдека на оваа делница, употреби дел од својата енергија, секој атом од таа енергија го вложи во овој асфалт којшто ние денеска го газиме и го чекориме, наскоро и ќе го возиме. И тоа се оние луѓе кои што заслужуваат еден огромен аплауз, да ги поздравиме тие луѓе бидејќи тоа на нив многу им значи.
Би сакал исто така да се заблагодарам лично и на луѓето од Јавното претпријатие- Државни патишта, на луѓето коишто беа тука секојдневно заедно со директорот Коце Tрајановски којшто на дневна основа брифираше што се случува, испраќаше фотографии. Се асфалтираше и навечер, се поставуваше и траса и кога врнеше дожд и кога врнеше снег. И затоа и на тие луѓе би сакал едно огромно благодарам од мое име и од името на Владата за сето она што го направија за овој краток период, иако како што кажа и директоро во јули месец немаше ниеден сантиметари квадратен асфалт, а денеска ја гледаме цела делница. Ви честитам и нека е со среќа користењето на овој пат.
Соработката со членовите во Владата, со потпретседателот на владата, министерот за транспорт, министерката за финансии, останатите коишто учествуваа во целиот овој проект, на дневна основа е навистина интензивна. Една од клучните теми кога комуницираме секојдневно претставуваше и овој пат од Срацин, или Чатал преку Длобочица до Крива Паланка и затоа за кратко вака време кога сето ова ја создаде таа енергија се случи да се реализира. Иако морам да кажам дека денеска имаше и такви коишто се обидоа да направат политичка промоција, дека тие кога биле Влада го почнале овој патен правец, за жал им требале шест години и поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ не успеале да го направа иако не знам што ги блокираше ВМРО-ДПМНЕ да стават барем еден сантиметар квадратен асфалт и наместо да им се извинат на граѓаните што не успеаа во изминативе шест години тоа да го направат, тие денеска потрчаа да соберат политички поени.
Сакам да им кажам на граѓаните коишто ќе го користат овој пат, ова не е пат ниту на СДСМ ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на било која друга политичка опција. Ова е пат на граѓаните и ова е пат којшто ќе остане за граѓаните и тие се тие коишто ќе го користат. Кредитот којшто е добиен од страна на финансиските институции ќе биде враќан од парите на граѓаните, затоа нема никој право да го присвојува, никој нема право да кажува дека ова е негов пат, ова е ваш пат, на граѓаните и да си го користите и аирлија нека е.
Сакам да кажам дека со иста динамика продолжуваме и во иднина, да работиме и на други делници. Набргу од денеска ќе присуствуваме на пуштање на уште една делница којашто е дел од еден друг Коридор, тоа е коридор 10Д, потоа првата делница од пругата којашто исто така со децении е ветувана. Се забрза и се интензивира изградбата на автопатските делници коишто се дел од Коридорот 8 и од Коридорот 10 тоа е од Гостивар до Букојчани, потоа од Кичево до Охрид, од Прилеп до Битола итн. Нешто кое што седум години беше во мирување, нешто кое што седум години буквално имаше неизвесен крај, овие неколку месеци добива една динамика и покрај таа динамика гледаме дека се завршуваат овие патни делници, мотивирани работници, мотивирани вработени од јавното претпријатија Државни патиша, мотивиран министер, членови на влада кои што на дневна основа помагаа сето ова да се заврши. Сакам да кажам дека ќе продолжиме и во иднина да работиме со несмалена динамика, со енергија којашто имаме намера да ја вложиме за доброто на граѓаните на целата територија на нашата преубава Македонија. Нема источна, западна, северна и јужна. За нас приоритет претставува и Крива Паланка и Делчево и Берово и Пехчево, но приоритет претставува и Дебар и Tетово и Прилеп и Госивар и Битола и буквално од Куманово до Гевгелија од север на југ, од исток на запад. Затоа што многу работи се препуштени изминативе седум години. Многу работи се испуштени изминативе седум години коишто мораме со крупни чекори напред да ги надополниме. Сето она кое што е загубено и однесено изминативе седум години мораме да го надополниме во месеците, во неделите, во деновите. Немаме веќе простор за импровизација, тоа е она коешто претставува наша инспирација, тоа е она што претставува наша цел и тоа е она што не обврзува пред граѓание и ова беше нивната доверба којашто ја добивме на парламентарните и на преседателските избори кои што се одржаа минатата година во месец мај.
Ние таа доверба не смееме да ја изгубиме и не смееме да ја прокоцкаме. Мораме да работиме двојно повеќе за да докажеме дека сето она што сме го ветиле ќе го испорачаме и јас ви ветувам дека ќе го испорачаме.
Првата фаза од стабилизирање на слободниот пад заврши. Можам да кажам дека состсојбата во институциите полека но сигурно се стабилизира. Сега наша следна цел е побргу да дојдеме до состојба на точка нула. Ние уште не сме дојдени на состојба на точка нула што очекувам да се случи некаде март, април па дури и потоа да се види вистинскиот развој на нашата татковина, тоа е периодот којшто е пред нас и тоа ќе биде период на многу радости, на многу успешни проекти и на нови политики со кои што ќе не нарават пак земја лидер на Балканот и една од најбрзо растечките економии во Европа. Тоа е наша цел и тоа го покажуваа првите индикатори.
Ме радуваат податоците од Народна банка коишто велат дека сигурно ја надминуваме бројката од милијарда евра директни странски инвестиции со што ќе бидеме по глава на жител најголема дестинација за странските инвестиции во регионот. Повеќе од една милијарда, нешто што постоеше како невозможна мисија во минатото во овие седум месеци откако оваа влада беше избрана се постигнува. Почнуваме повторно да се враќаме во економијата, 3% раст во третиот квартал нема да бидам изненаден ако дојдеме до 4% во четврито квартал и така да продолжиме во 2025 година.
Овие проекти, евтините кредити за економските оператори коишто почнуваат од јануари месец со 1.95% повластена камата до 3 години грејс период до 15 години рок на отплата станува реалност, тоа што велеа дека е невозможна мисија стануваат реалност и уште многу други пријатни изненадувања за граѓаните и за бизнисот. Затоа што нашата задача е да создаваме, а задачата на претходните беше да унишуваат, тука е разликата меѓу оваа влада предводена од коалицијата твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ во која што составен дел се коалиционите партнери коалицијата Вреди и коалициската партија ЗНАМ и онаа влада на СДСМ и ДУИ. Ние продолжуваме да реализираме сето она кое што сме го ветиле и ќе го испорачаме на граѓаните. Бидете убедени во ова. Уште еднаш ќе ми дозволите на сите да ви ги честирам Новогодишните и Божиќните празници, да ви посакам пред се добро здравје, среќа и бериќет на вас и на вашите семејства и да се радуваме уште на многу вакви проекти во месеците и во годините кои што доаѓаат.
Ви благодарам и Бог нека ни ја благослови Македонија.“
Извор: Влада