Почитувани,
Во текот на попладневните часови од страна на Општина Карпош беше ангажирано едно специјализирано возило кое фрли 20 тони сол по главните улици во населбите Жданец и Горно Нерези за да се спречи појава на голомразица, а со цел подготвено да ги пречекаме ниските температури и врнежите од снег што деновиве ги најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во случај на поинтензивни врнежи од снег во текот на ноќта и во утринските часови, локалната власт е подготвена да интервенира на сите сервисни улици кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош. Посебно внимание ќе се посвети на т.н. „критични точки” спрема Бардовци, Трнодол, патот за Горно Нерези, како и во Жданец на улицата Теодосиј Синаитски.
Извор: Општина Карпош