Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото возило на ЈКП „Водовод“ цистерна за фекални отпадни води, пришто е подновен возниот парк на претпријатието. Специјалното возило за фекални отпадни води е со капацитет од 5м³.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го разгледа возилото заедно со директорот на ЈКП „Водовод“, Ивица Трипуновски, истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите. Претпријатието во моментот стопанисува со приближно 50км фекална канализациона мрежа, а со набавката на цистерната значително ќе се подобри квалитетот на услугите на Јавното комунално претпријатие, а во исто време ќе се зголеми ефикасноста на вработените во делот на одведувањето на отпадните води од корисниците.
Градоначалникот Георгиевски додаде дека, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со обновувањето на возниот парк на општинските јавни претпријатија.
Извор: Општина Илинден