spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од...

МЗ: На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата е изведена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.

Огромна благодарност до сите здравствени работници вклучени во оваа трансплантација, како и до семејствата на донорите.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте