“Во пресрет на големите христијански празници ја организираме најголемата хуманитарна акција за ранливите категории.
Пред нас е еден од најтешките месеци каде што граѓаните секогаш трошат најмногу. Истрошени се домашните буџети, а овој и наредниот месец се исклучително тешки за домаќинствата.
Денес во соработка со општествено одговорни компании спремивме и ќе поделиме над 400 хуманитарни пакети со основни прехрамбени продукти на најзагрозените социјални семејства на територија на општина Бутел.
Хуманоста значи да се помага секогаш и во секој момент кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност.” – градоначалник Дарко Костовски.
Извор: Општина Бутел