spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Оглас за финансиска поддршка за проекти од областа на образованието за...

Карпош: Оглас за финансиска поддршка за проекти од областа на образованието за 2025 година

I. Право на пријавување

На јавниот оглас можат да учествуваат сите заитересирани физички и правни лица регистрирани за дејности кои го опфаќаат образованието во сите области, а кои со своите програми, проекти и активности придонесуваат за развој на образованието во општината и пошироко.
Физичките и правните лица се должни во барањето да ги наведат причините, целите, очекуваните резултати и намената за кои ги бараат средствата.


II. Потребни документи и услови за учество

Физички лица:
1. Лична карта во фотокопија,
2. Изработен проект и
3. Финансиски план на проектот со точна пресметка (административни и комуникациски трошоци, материјали за работа, хонорари со вклучен персонален данок)

Правни лица:
1. Изработен проект,
2. Финансиски план на проектот со точна пресметка (административни и комуникациски трошоци, материјали за работа, хонорари со вклучен персонален данок)
3. Тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 6 (шест) месеци
4. Портфолио

III. Критериуми за доделување на финансиска поддршка:

1. Проектот да е од посебен интерес за граѓаните/жителите на Општина Карпош
2. Проектот да предвидува активно вклучување на учениците, наставниците и стручните соработници од општинските основни училишта во Општина Карпош или да е наменет за нив
3. Проектите да се однесуваат за теми од здравата животна средина, психо-социјалниот живот на учениците, промоција на добросостојба на учениците во семејството и училиштето, заштита од насилство, развивање на спортскиот дух, градење вештини кај наставниците и сл.

IV. Висина на финансиската поддршка и рангирање
Во зависност од приложените документи, Општина Карпош висината на финансиската поддршка ќе ја додели во рамките на своите можности.

V. Начин на пријавување
Документите можат да се достават по пошта на ул. „ Радика “ бр. 9 – Скопје или во Архивата на Општина Карпош, барака бр. 2, со ознака „ Не отворај “ и со назнака „ За финансиска поддршка на проекти од областа на образованието за физички и правни лица за 2025 година “.

VI. Рок за поднесување на документите
-Огласот временски не е ограничен и важи до исцрпување на финансиските средства, но проектите да бидат реализирани најдоцна до 31.12.2025 година.
Некомплетните документи нема да бидат разгледувани.

ЛИНК ДО ОГЛАСОТ 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте