spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Управниот суд го поништи претходното решение на НУ Козерваторски центар –...

Карпош: Управниот суд го поништи претходното решение на НУ Козерваторски центар – Скопје

Поради повеќемесечни непринципиелни притисоци кои беа упатени до поединци од Секторот за урбанизам при Општина Карпош, локалната самоуправа има должност да ја информира јавноста, во врска со одобрението за градење број УП 1 бр. 47-560 од 18.01.2024 година издадено на инвеститорите „ЗСФ Ком“ ДООЕЛ Скопје и „Делта 2015 Констракшн“ ДООЕЛ Скопје, на улица Никола Русински.

Имено, од страна на Управниот суд на РСМ доставена е пресуда до Секторот за урбанизам на Општина Карпош, која се однесува на утврдување на законитоста при издавање на градежна дозвола за предметната локација и законитоста на позитивното конзерваторско мислење бр. 08-688/3 од 08.11.2023 година, со која се поништува решението на претходното конзерваторско мислење.

Управниот суд на РСМ донесе одлука со која, поништувањето на решението на позитивното конзерваторско мислење од страна на НУ Козерваторски центар – Скопје е неправилно и незаконито, од причини што во правниот промет не можат да постојат два правни акта, т.е. две конзерваторски мислења донесени по исто барање, но со сосема различна содржина и притоа да произведуваат различни правни дејства. Затоа второто, (негативното конзерваторско мислење) по службена должност мора да биде повлечено од правниот промет од страна на НУ Козерваторски центар – Скопје, од причини што ваквото постапување на органите сериозно ја доведува во прашање правната сигурност на сите правни и физички лица во РСМ.

Против оваа одлука на Управниот суд, незадоволната странка во постапката нема право на жалба. Практично, со оваа одлука на Управниот суд на РСМ се потврдува дека Секторот за урбанизам на Општина Карпош постапил законито, при издавањето на дозволата за градба на горенаведената зграда.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски во увид на градежните активности за нов...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности за изградба на нов паркинг во дворот на основното училиште „Невена Георгиева...