spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Андоновски - Дигитализацијата има карактеристика од корен да ги менува...

МДТ: Андоновски – Дигитализацијата има карактеристика од корен да ги менува и најмалите држави

Во вчерашното вечерното гостување на „Топ тема“ на Телма, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, даде вовед за тоа дека дигитализацијата има многу важна карактеристика од корен да ги менува најмалите држави или општества за релативно малку трошок.

„Дигитализацијата е алатка која што од корен ги менува и најсиромашните или најмалите држави или најмалите општества. Што значи дека, за малку пари релативно малку трошок, имате можност да го промените животот на многу луѓе и од таа премиса тргнавме и во оваа промена на законот.“ истакна Андоновски и додаде „Новото во овој закон е дека не се врши дополнителна проверка која што претходно мораше да се изврши, за да за еден документ да се признае неговата валидност кога е испечатен. Што значи дека електронскиот документ беше признаен порано само во неговата електронска форма, сега таа е валидна. Има печат, има времен жиг, кога е издадена и има електронски потпис ’’, појасни министерот.

Андоновски се осврна и на министерство кое што го преземал пред 6 месеци, каде што рече дека 6 години, министерството било оставено да пропаѓа, а со самото тоа и дигитализацијата уназадувала, за која како што кажа од лидери во регионот, денес сме на дното.

„Процесот на дигитализација е оставен да пропаѓа. Од држава која што беше регионален лидер, како што кажавте вие во најавата, ние станавме држава која што е на опашката на цела Европа. Пред нас е и Молдавија и Украина, 50 места пред нас во индексот на дигитализација“, напомена Андоновски и продолжи. „Да не спомнувам дека јас наследив три тужби пред судовите од повеќе милиони евра, према јавни претпријатија. Јавното претпријатие Македонска Телевизија, Агенција за аудиовизуелни и радиодифузија. И тие работи моравме да ги решаваме во овие шест месеци, затоа што не можете да градите нешто ако немате чист терен за работа’’.

Министерот за дигитална трансформација, ги потенцираше новите услуги на ребрендираниот портал, каде што нагласи дека има над 200 услуги кои што граѓаните можат да ги искористат во секој момент. Тој истакна дека во првите 100 дена имало над 100 нови услуги на порталот.

„Општина Аеродром има 70 илјади жители, една од најбрзо растечките. Секој граѓанин мораше да патува до центарот на градот, цел ден ви треба одмор треба да земете, за да завршите многу едноставна работа. Сега тие тоа го прават во нашиот Центар за услуги во Бисер. Аеродром за месец дена од отворање на центарот е втор по големина или втор по искористеност центар за услуги. А ние тоа го направивме со постоечките ресурси“, заклучи Андоновски.

Андоновски во интервјуто се осврна и на работењето на Фондот за иновации, посочувајќи дека откриени се злоупотреби од неколку милиони евра со што е изгубен кредибилитетот на оваа институција кај граѓаните.

„Идејата е Фондот да се затвори и тоа ќе се случи во текот на 2025 година, а надлежностите во поглед на технолошкиот развој, иновациите да ги преземат институциите кои што се соодветни на тоа, во поглед на технолошкиот развој, дигиталните иновации, тоа е нашето Министерство, a во научните проекти и иновации Министерството за образование. Планот за тоа ќе биде постапен”, појасни Андоновски, додавајќи дека Европските Дигитални Иновациски Хабови (EDIH) се иновативен начин да одиме напред и за што, како што рече, се обезбедени еден милион евра кофинансирање, за проекти кои ќе финансираат дигитализација на малите и средните претпријатија. И тоа е вистинска инјекција за бизнисот,” рече Андоновски.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте

МП: Седум месеци посветени на реформи во правосудството!

0
Седум месеци посветени на реформи во правосудството! - Ја поништивме одлуката на претходната Влада за десеткратно зголемување на Нотарската тарифа-како одговор на неоснованото прекумерно зголемување на...