spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМитева: УПОЗ наместо на протест, требаше да започне со дијалог кој е...

Митева: УПОЗ наместо на протест, требаше да започне со дијалог кој е прв демократски начин и метод за функционирање

„Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Дозволете ми најнапред да истакнам дека Владата е партнер на сите, дека сме спремни да ги прифатиме сите предлози и сугестии. 

Ова е во насока на висока подготвеност која ја имаме да разговараме на сите теми. 

Но, дозволете ми да истакнам дека не изненадува фактот што токму УПОЗ како прв чекор го презема штрајкот, наместо дијалогот кој е прв демократски начин и метод за функционирање. 

Сакам да ја потсетиме јавноста дека за само шест месеци успеавме да постигнеме договор за покачување на платите на вработените во здравството, во образованието, се покачија и пензиите. 

Исто така посочуваме дека Владата обезбеди и додаток на плата и К-15 на сите вработени. И повторувам, подготвени сме да разговараме на секоја тема, но воедно дозволете ми да истакнам дека секој штрајк треба да биде организиран во согласност со Законот за работни односи и колективните договори, да биде најавен согласно Законот, да биде спроведена и постапката за помирување која воедно е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи за жал ниеден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвара силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран. 

Владата е отворена повторувам, за секаков вид на предлози и сугестии. Има бројни механизми преку кои можат да се отворат овие прашања, а воедно тоа е и Економскиот социјалниот совет кој го формираше Владата каде практично синдикатот партиципира и требале и можеле да го отворат ова прашање. 

Интересно е што изминативе години овој синдикат како да молчеше за ова прашање и со жалење мораме да истакнеме дека отворено се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина на Синдикатот кој делува како продолжена рака на партиите, кои досега за жал ги злоупотребуваа правата на работниците. Прашуваме, дали ова е начинот на кој што се злоупотребува синдикалното движење во државата? 

Морам да истакнам дека како Влада гледаме реално на работите и не сме задоволни од нивото на платата во администрацијата. Но, повторувам, потенцираме дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решенија. 

Ви благодарам.“

Извор: Влада

Прочитајте

МП: Седум месеци посветени на реформи во правосудството!

0
Седум месеци посветени на реформи во правосудството! - Ја поништивме одлуката на претходната Влада за десеткратно зголемување на Нотарската тарифа-како одговор на неоснованото прекумерно зголемување на...