Во основното училиште „Страшо Пинџур“ направивме значителен чекор за обезбедување безбедна средина за нашите деца. Стариот азбестен кров, кој претставуваше ризик за здравјето, е целосно отстранет во согласност со сите пропишани протоколи.
Наместо тоа, поставивме нова кровна површина од приближно 1000 м², изработена од најсовремени градежни материјали кои обезбедуваат долготрајност, енергетска ефикасност и безбедност.
За нас, грижата за здравјето и сигурноста на нашите ученици е врвен приоритет. Ова е уште еден пример како инвестираме во иднината и создавањето подобри услови за учење.
Извор: Општина Ѓорче Петров