Кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети малиот Лука Јовановски кој беше специјален гостин.
Лука е дете од девет години кое има попреченост со својот вид, но има голема љубов кон музиката и музичките инструменти. Тој свири на тапани, хармоника и синтисајзер, чита и пишува на брајово писмо и има голема желба да се запознава со јавни личности.
Градоначалникот истакна дека му претставува чест и задоволство што Лука е жител на општина Илинден и што посака да ја посети Општината.
Извор: Општина Илинден