spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Градинката „Рилиндја“ во Тетово официјално отворена, подготвена да згрижи 165 деца

МСПДМ: Градинката „Рилиндја“ во Тетово официјално отворена, подготвена да згрижи 165 деца

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Михалис Рокас и Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами официјално го означија отворањето на новата детска градинка „Рилиндја“ при Јавната установа за згрижување на деца „Младост“-Тетово.

Новата детска градинка „Рилиндја“ има капацитет да згрижува 165 деца од предучилишна возраст. Изградбата е финансирана преку Годишната акциска програма „Поддршка на ЕУ за образование, вработување и социјална политика“ за 2017 година со вкупен буџет од околу 805.000 евра,  од кои Европската Унија финансира околу 705.000 евра и кофинансира државата од националниот буџет од околу 100.000 евра.

Во своето обраќање кон присутните министерот Лимани се осврна на значењето на предучилишниот процес за правилен ран детски развој затоа што, како што рече „токму  градинката е местото каде што тие ја добиваат основата за нивниот понатамошен развој како индивидуи.“

„Секое дете заслужува да расте и се развива во средина која ќе биде здрава и поттикнувачка за него, да може да го развива својот потенцијал. Затоа особено се внимава објектите да бидат градени согласно сите стандарди и најсовремени услови како предуслов за квалитетно предучилишно воспитание и образование,“ истакна Лимани.

Тој изрази благодарност до Делегацијата на ЕУ во земјава за поддршката која ја добиваме на Општина Тетово за заложбите за унапредување на детската заштита и одличната соработка, но и на Јавната установа „Младост“, за професионалноста во работењето и напорите за беспрекорна грижа за најмладите.

Тој порача дека Министерството продолжува да работи на намалување на листите на чекање на децата за упис во градинките, изградба на градинки каде што има потреба и вработување на стручен кадар во истите.

Амбасадорот Рокас порача дека Европската унија е горда што ги поддржува проектите за образование и социјална политика во земјата.

,,Инвестицијата во градинката во Тетово го симболизира приоритетот што сите им го даваме на новите генерации. Тие што ќе ја обликуваат иднината на Северна Македонија и на ЕУ. Заедно, сите ние се стремиме кон образовни и социјални политики кои ќе ги зајакнат Европејците со потребното знаење и вештини со соодветни услуги за социјална поддршка. Сè започнува од градинките,” рече Рокас.

 Градоначалникот Касами го истакна значењето на отворањето на градинката за граѓаните од оваа општина. Тој им честиташе на вработените за вработувањата посочувајќи  ја нивната  одговорност за воспитно-образовниот процес на децата. 

,,Иако не сте нивни биолошки родители, може да бидете добра замена за нив. Вие имате одговорност да изградите и едуцирате одговорни индивидуи и поединци кои ќе придонесат за општеството затоа што нивните родители ја презеле одговорноста да работат, да плаќаат даноци и со тие даноци да се обезбедат и вашите плати,“

Тој се заблагодари на сите вклучени во проектот со чија реализација денес Тетово има нова градинка, еден од поважните проекти во оваа општина.

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Како Влада правиме сѐ за да вратиме дел од загубеното...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави присуствуваше на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј...