spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Николовски - Од Скопје ќе се лета до Женева и до...

МТВ: Николовски – Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме уште 2 нови дестинации на барање на дијаспората

Ве информираме дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа:

  • Скопје -Женева
  • Скопје-Париз (аеродром Орли)

Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.

Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.

Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт.  Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите:

  • Охрид – Истанбул
  • Охрид – Базел Мулхаус
  • Скопје – Дубаи
  • Скопје – Штутгарт
  • Скопје – Лион
  • Скопје – Барселона

и за истите се овозможува финансиска подршка по принципот на патник во доаѓање.

“Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата.  Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме”- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Извор: Министерство за транспорт

Прочитајте

Мицкоски: Како Влада правиме сѐ за да вратиме дел од загубеното...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави присуствуваше на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј...