spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Министерот Муртезани оствари средба со заменик министерот за надворешни работи на...

МЕП: Министерот Муртезани оствари средба со заменик министерот за надворешни работи на Турција, Мехмет Кемал Боаза

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, престојува на дводневна работна посета во Анкара, Турција. Во рамки на посетата, министерот оствари средба со заменик министерот за надворешни работи и директор за европски прашања, Мехмет Кемал Боаза.

На средбата беа разгледани повеќе значајни теми од заеднички интерес, како што се: пристапниот процес на Северна Македонија кон Европската Унија, претседателството на Полска со Советот на ЕУ, проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, улогата на Берлинскиот процес во зајакнувањето на регионалната соработка, како и глобалните предизвици што ја засегаат стабилноста во регионот.

Министерот Муртезани го истакна значењето на партнерството со Турција како долгогодишен пријател и поддржувач на Северна Македонија во нејзините евроинтегративни напори. Заеднички беше заклучено дека продлабочувањето на билатералните односи и регионалната соработка се клучни за стабилноста и економскиот развој на Западен Балкан. Северна Македонија останува посветена на зајакнување на соработката со сите партнерски земји и на остварување на својата стратешка цел – членство во Европската Унија.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте