Министерството за европски прашања, како национален орган на Програмата Интерег Европа, информира дека Комитетот за следење на истата на својот 7 – ми состанок одржан на 10 и 11 декември 2024 година во Будимпешта, Унгарија, условно одобри 113 проекти во рамки на третиот повик за предлози за проекти. Третиот повик за проектни предлози беше спроведен во периодот од 20 март до 7 јуни минатата година и во рамки на истиот беа поднесени 206 апликации, заеднички проекти, во кои се застапени сите земји учеснички во програмата.
Република Северна Македонија, застапена е со 16 партнери во 15 заеднички проекти.
Повеќе информации за проектите кои се одобрени, достапни се на официјалната веб страна на Интерег Европа, на следниот линк: ОДОБРЕНИ ПРОЕКТИ
За повеќе информации околу програмата Интерег Европа посетете го следниот линк: https://www.interregeurope.eu/