spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Продолжува борбата против загадувањето! Секој ќе биде санкциониран

Гази Баба: Продолжува борбата против загадувањето! Секој ќе биде санкциониран

Инспекторатот на Oпштина Гази Баба во соработка со Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие Гази Баба 2007 изминатиот период реализираше акција во населеното место Кирил Петрушевски во која се одземаа отпадни гуми и отпадни материјали. 

Локација која беше предмет на акцијата се наоѓа во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште и претставува црна точка во поглед на загадување на животната средина и амбиентниот воздух поради спалување на отпад. 

Отпадните гуми и материјали најчесто се спалуваат и употребуваат како енергенс за загревање на локалното население, а дополнително се користи и металот кој останува по согорување на гумата.

Во рамките на акцијата се собрани 1 тон отпадни гуми и истите се предадени на правно лице кое поседува дозвола за третман на ваков тип на отпад.

Толеранција нема да има за никој‼️

Инспекторатот продолжува со посветена работа на терен со цел разоткривање и санкционирање на сите оние кои со своите постапки придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух!

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

МЖСПП: Засилени контроли на општинските инспектори

0
Согласно извешатите за спроведени активности од страна на општините за периодот 20-24 јануари, во 11-те општини што доставиле извештаи до Министерството за животна средина...