Градоначалникот Бобан Стефковски беше на средба со градоначалникот на Вараждин, Анѓелко Стричак, на која разговараа за воспоставување на соработка помеѓу Општина Гази Баба и Вараждин.
Разменети беа искуства за повеќе сегменти од функционирањето на локалната самоуправа и заеднички изразија подготвеност за отпочнување на постапка за склучување меморандум за соработка како прва фаза, а потоа и збратимување.
Инфраструктурниот развој, економскиот потенцијал и инвестициите во спортот беа дел од темите на кои разговараа, и на покана од градоначалникот Стефковски во најскоро време очекуваме градоначалникот Стричак да ја посети Општина Гази Баба и Република Македонија.
Добредојдени се искуствата од европските градови и општини кои на нас како земја кандидат за членство во Европската унија ќе ни бидат од големо значење.
Извор: Општина Гази Баба