spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Средба со Дејвид Маерс, шефот на политичкиот и економскиот оддел...

Гази Баба: Средба со Дејвид Маерс, шефот на политичкиот и економскиот оддел во Амбасадата на САД

Градоначалникот Бобан Стефковски одржа средба со Дејвид Маерс, шефот на политичкиот и економскиот оддел и Митко Бурчевски политички асистент во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

На средбата разговараа за развојот на Општина Гази Баба, реализацијата на заедничките проекти со меѓународните организации и можноста за воспоставување на заедничка соработка со Амасадата на САД.

Стефковски нагласи дека е особено важна соработката на Република Македонија со Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер во сите области, а со посебно внимание на борбата со криминалот и корупцијата.

Ние сме прва општина во Република Македонија која пред две години во соработка со Државната комисија за спречување на корупција започна кампања против корупција под мотото “Не молчи – пријави” и за таа цел се назначи одговорно лице за прием на пријави и е отворена 24 часовна телефонска линија и емаил адреса.

Заеднички заклучок од оваа средба беше да се задржи отвореноста за соработка во насока на реализација на проекти кои значително ќе помогнат во подобрување на функционирањето на локалната самоуправа.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Карпош: Решен повеќедецениски проблем со Фекалната канализација

0
По барање на жителите од улица Багдадска (У.З „Владо Тасевски“), кои алармираа дека веќе подолго време се соочуваат со проблеми поврзани со фекалната канализација,...