Почитувани,
Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, ќе се продолжи со реконстукција на коловозот и изградба на пешачка патека со одводнување на улица 8 во населба Илинден.
За таа цел ги известуваме граѓаните дека на делот од надвозникот за исклучок кон автопатот Скопје –Куманово (кај аптеката Зегин) во н.м Илинден по должина на улица 8, ќе има градежни активности и механизација како дел од фаза 1, и ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај со регулација на истиот.
За таа цел апелираме за разбирање и соработка како и внимателност при движење во сообраќајот, почитувајќи ја воспоставената траса на движење и одвивање на сообраќајот.
Ви благодариме за соработката.
Извор: Општина Илинден