spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Се продолжува со реконструкцијата на улица „8“ во населба Илинден

Илинден: Се продолжува со реконструкцијата на улица „8“ во населба Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта продолжија градежните активности за реконструкцијата на улица „8“, во населба Илинден.

Со овие градежни активности се продолжи со реконструкција на улицата со зафаќање на атмосферските води од коловозот во должина од 300 метри како и изградба на нов тротоар.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните работи и истакна дека оваа фаза од реализација на проектот се имплементира во соработка со Министерството за транспорт и врски, со обезбедени средства од Светска Банка.

Втората фаза од реконструкцијата на оваа улица во должина од 500 метри заедно со изградба на нов тротоар и зафаќање и одведување на атмосферските води, Општина Илинден ќе ја реализира со сопствени средства од буџетот на Општината.

Оваа улица е главна сообраќајна артерија која ги поврзува Здравствениот дом и повеќе стопански субјекти на територија на Општина Илинден.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте