Министерот за правда Игор Филков ,на конститутивната седница на новиот состав на Советот за координирање на информатичко-комуникациската технологија во правосудните органи ја истакна важноста на технологијата во правосудството, како и неопходноста од дигиталната трансформација за модернизација на судскиот систем со цел зголемување на довербата на граѓаните во правосудството.
„Верувам дека овој состав на Советот ќе биде двигател на значајни промени, со фокус на правдата, инклузивноста и модернизацијата на правосудниот систем“, изјави министерот. Дигитализацијата ќе ни овозможи да ги забрзаме судските процеси, да ја зголемиме транспарентноста и да ја намалиме бирократијата“,потенцира министерот Филков. Министерството за правда формираше новиот состав на Советот за координирање на информатичко-комуникациската технологија во правосудните органи во целосна согласност со член 87-а од Законот за судовите. Советот е составен од претставници од правосудните органи и други релевантни институции, кои ќе работат на координирање и спроведување на активностите за дигитализација во правосудството. „Технологијата е само алатка, а основниот принцип останува правдата“, истакна министерот. „Затоа, мора да се осигураме дека дигитализацијата ќе биде во служба на правдата и дека ќе обезбеди еднаквост и фер пристап за сите граѓани,“рече Филков.
Министерот изрази уверување дека со заедничко лидерство и посветеност, новиот состав на Советот ќе продолжи со развој на стратегијата за дигитализација, размена на информации и решавање на проблемите во работата на правосудниот систем.
Министерството за правда останува посветено на модернизацијата на правосудството, со цел да се создаде праведен и дигитален правосуден систем за сите граѓани. Членови на ИКТ советот се : Бурим Сејдини, претседател на Управен суд на Република Северна Македонија.Иван Џолев, претседател на Основен кривичен суд Скопје.Милчо Велјаноски, Судски советник во Врховен суд на Република Северна Македонија.Мирјана Башеска Јонеска, информатичар во Врховен суд на Република Северна Македонија.Наташа Однакозова Жабакова – информатичар во Апелационен суд Скопје.Никола Ристевски, информатичар во Основен Граѓански суд. Анита Тополова Исајлоска, Јавен обвинител во Јавното обвинителствo на Република Северна Македонија.Владимир Милошески, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.Ирена Димовска – информатичар во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Јулијана Георгиевска – Државен советник во Судски совет на Република Северна Македонија.Јелена Догазанска Колева, член на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.Катерина Мишковска, информатичар во Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.Јосиф Стоилов – информатичар во Судски совет на Република Северна Македонија.
Извор: Министерство за правда