spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Заштита на личните податоци-клуч за правата на поединците и развој на...

МП: Заштита на личните податоци-клуч за правата на поединците и развој на правосудниот систем

Правото на приватност и заштита на личните податоци се фундаментални права на секој поединец, кои мора да бидат заштитени и почитувани во сите сфери на животот, вклучувајќи го и правосудниот систем.

Одбележувајќи го Европскиот ден за заштита на лични податоци,  министерот за правда Игор Филков во своето обраќање  на настанот „Правна рамка на ЕУ за заштита на личните податоци и правото на приватност во правосудството”, посочи дека правосудниот систем е еден од најчувствителните области кога станува збор за обработка на лични податоци.

„Во процесот на водење на судски постапки и истраги, често се обработуваат чувствителни податоци кои можат да имаат сериозни импликации за правата и слободите на поединците. Затоа е важно да се осигураме дека секоја обработка на такви податоци ќе биде вршена со највисоко ниво на заштита и почитување на приватноста. Личните податоци се основна компонента на правото на приватност, кое е гарантирано со Уставот и меѓународните документи.Заштитата на овие податоци не е само правен, туку и етички императив кој ги штити граѓаните од злоупотреба. Задача на државата е да обезбеди правна сигурност за сите граѓани преку создавање на стабилна правна рамка која гарантира заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци во сите сфери на животот”, рече министерот Филков.

Република Северна Македонија активно работи на усогласување на своето законодавство со европските правила за заштита на личните податоци, со цел да се обезбеди висока заштита на приватноста на граѓаните. За успешна заштита на личните податоци потребна е тесна соработка меѓу сите заинтересирани страни, како и размена на знаење и Обуката за заштита на лични податоци ќе помогне во градењето на капацитети и размена на искуства кои ќе придонесат за понатамошно усогласување на законодавството со европските стандарди.

Настанот беше организиран од Центарот за правни истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители и македонското здружение на млади правници како дел од ЕУ проектот „Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот”.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте