spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и...

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, а Владата ќе го фасцилитира тој процес

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра истакна дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

„Дали ќе ја зголемиме минималната плата и тоа дали таа ќе била над 500 евра. Мене ако ме прашате лично ќе ви кажам дека 5 илјади треба да биде минималната плата. Со растот на минималната плата можеби Владата најмногу ќе профитира и буџетот. Не можеби, туку сигурно најмногу ќе профитира затоа што економијата и бизнисот ќе треба пропорционално да ги пондерираат сите плати, што ќе каже дека пропорционално ќе бидат пондерирани и придонесите во буџетот во фондовите итн. реално најмногу можеби ни одговара. Дали е тоа правилно? Тоа е морален хазард. Дали е тоа исправно? Тоа е морален хазард“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека минималната плата ќе биде онаа која што ќе ја договорат работодавачите и работниците, а владата ќе го фасцилитира тој процес 

„Минимална плата ќе биде онаа плата којашто ќе ја договорат работодавачите и работодавците. Ние сме страна која што може да гои фасцилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога ќе заврши ако има решение. Секое решение кое што тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме и тука нема никаква дилема. Еве сега во понеделник има една точка на дневен ред која што се однесува до минималната плата. Се надевам дека работодавачите и работниците ќе постигнат договор, договор којшто ние ќе го поддржиме“, потенцираше Мицкоски.

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт и тој...