spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: 7000 денари за секое новороденче, градоначалникот Стојкоски со нови поддршки...

Ѓорче Петров: 7000 денари за секое новороденче, градоначалникот Стојкоски со нови поддршки за граѓаните

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, продолжува со посветената работа за подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Со цел да се поддржат младите семејства и да се поттикне населението, општината донесе значајна одлука за зголемување на надоместокот за новороденче од 5.000 на 7.000 денари. Денес градоначалникот Стојкоски потпиша нови решенија за оваа поддршка, со што се потврдуваат заложбите за инвестирање во најмладите генерации.

Дополнително, општината активно вложува во подобрување на условите за предучилишно образование. Во моментов е во тек изградбата на нова градинка во населбата Стопански Двор, а паралелно се работи на подготовка на документација за изградба на уште две нови градинки на територијата на Општина Ѓорче Петров.

„Создаваме услови за секое дете и секое семејство да имаат сигурна и подобра иднина во Ѓорче Петров. Ова не е само наша обврска, туку и наша мисија. Општината се развива заедно со граѓаните и за граѓаните,“ изјави градоначалникот Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на создавање модерна, инклузивна и перспективна заедница.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МСПДМ: Лимани во посета на Демир Хисар – Секој граѓанин е...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани беше во посета на неколку институции во Општина Демир Хисар. Посетата започна со донација на хуманитарни...