spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Срдечна средба со Дејвид Маерс, шеф на политичкиот оддел во...

Бутел: Срдечна средба со Дејвид Маерс, шеф на политичкиот оддел во Амбасадата на Соединетите Американски Држави

Градоначалникот Дарко Костовски оствари средба со Дејвид Маерс, шеф на политичкиот и економскиот оддел и Митко Бурчевски, политички асистент во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

На почетокот на средбата градоначалникот упати честитки за изборот на новиот претседател на Соединетите Американси Држави, Доналд Трамп.

На средбата градоначалникот и соговорниците разговараа за развојот на општина Бутел, за плодната соработка и заедничка реализација на проекти кои се од големо значење за општината и се директно поддржани од амбасадата на САД.

Градоначалникот истакна дека соработката на Република Македонија со Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер е од исклучителна важност во сите области.

Соговорниците заеднички заклучија дека остануваат отворени за соработка и реализација на идни проекти кои се од големо значење за општина Бутел.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте

МСПДМ: Донаторска конференција со фокус на младите во организација на Министерството...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани   ја отвори донаторската конференција организирана со цел  поттикнување на развојот и имплементацијата на проекти...