Градоначалникот Дарко Костовски оствари средба со Дејвид Маерс, шеф на политичкиот и економскиот оддел и Митко Бурчевски, политички асистент во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
На почетокот на средбата градоначалникот упати честитки за изборот на новиот претседател на Соединетите Американси Држави, Доналд Трамп.
На средбата градоначалникот и соговорниците разговараа за развојот на општина Бутел, за плодната соработка и заедничка реализација на проекти кои се од големо значење за општината и се директно поддржани од амбасадата на САД.
Градоначалникот истакна дека соработката на Република Македонија со Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер е од исклучителна важност во сите области.
Соговорниците заеднички заклучија дека остануваат отворени за соработка и реализација на идни проекти кои се од големо значење за општина Бутел.
Извор: Општина Бутел