Трудот на вработените се цени и вреднува.
Потпишан е договор со Синдикатот, кој овозможува покачување на платите на административните службеници во општина Бутел.
Вработените ќе добијат покачување од 3.000 денари со јанарската плата.
Со овие мерки општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски ги подобруваат условите за работа на администрацијата.
Градоначалникот очекува вработените и понатаму ефикасно и ефективно да ја извршуваат својата работа, исклучиво во насока на интересите на граѓаните.
Успешна општина значи задоволни граѓани кои добиваат брза и ефикасна услуга, а тоа е возможно само ако вработените се задоволни и мотивирани.
Извор: Општина Бутел