spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: По 7 години, 27 наставници добија решенија за трајно вработување

Ѓорче Петров: По 7 години, 27 наставници добија решенија за трајно вработување

Во Општина Ѓорче Петров беа доделени 27 решенија за трансформација на работниот однос на наставници од сите шест основни училишта во општината. По седум години, овие наставници конечно добија неопределено работно време, што претставува значаен чекор кон обезбедување стабилност и сигурност во наставниот кадар.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека ова е значаен момент за наставниците, но и за целиот образовен систем во општината.

 „Наставниците се темелот на образованието, нивната посветеност и труд заслужуваат почит и сигурност. Со оваа одлука овозможуваме стабилност и ги подобруваме условите за работа, што директно влијае на квалитетот на наставата. Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирани вложувања во образованието, бидејќи инвестициите во наставниците се инвестиции во иднината.“ – изјави Стојкоски.

Градоначалникот додаде дека општината активно работи на подобрување на инфраструктурните услови во училиштата, со тековни проекти за реконструкција на училишни објекти и создавање подобри услови за учениците и наставниците. Општина Ѓорче Петров уште еднаш докажува дека вложувањето во образованието и поддршката на наставниците не се само ветувања, туку конкретни чекори кои носат вистински промени.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Гази Баба: Подготовка на новиот Социјален план

0
Во просториите на општина Гази Баба се одржа состанок со претставници од општина Гази Баба, Црвен крст, СОС Детско село кризен центар Надеж и...