spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците продолжува...

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците продолжува и понатаму

Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица.

Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на грозје.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.

Висината на директните плаќања се зголемува за 8.400 денари по хектар во однос на утврдената висина на директните плаќања од подмерката 1.11.

Грижата за земјоделците продолжува и понатаму.

Извор: Влада

Прочитајте

МДТ: ИЗВЕСТУВАЊЕ – Нова локација на МДТ

0
Почитувани Ве известуваме дека Министерството за дигитална трансформација се наоѓа на нова локација, ул. Филип Втори Македонски бр.11, 1000 Скопје-Центар. Новите е-маил адреси...