spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јакимовски во посета на Златибор - Разговори за идна соработка

Карпош: Јакимовски во посета на Златибор – Разговори за идна соработка

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со советникот Јахји Мемедов, изминатиот викенд беа во посета на Златибор, каде што заедно со  градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, разговараа за можностите за соработка меѓу двете општини, особено во областа на туризмот.

На работната средба која се одржа во просториите на општина Чајетина се разгледуваше  можноста  да се разменат искуства во управувањето со локалните самоуправи и да се разговара за заеднички иницијативи кои можат да придонесат за развој на туризмот и економијата.

На средбата особено беа истакнати проектите за одржлив развој, подобрувањето на туристичката инфраструктура, како и  меѓусебна промоција на двете дестинации преку различни програми и настани.

Јакимовски на Златибор ги посети некои од најзначајните локалитети и се запозна со идните проекти кои дополнително ќе ја подобрат туристичката понуда на Златибор.

Во наредните месеци се очекуваат конкретни предлози и заеднички иницијативи кои ќе придонесат за развојот на двете општини, каде што беше констатирано на пријателско-работната средба.Оваа посета претставува прв чекор кон воспоставување на долгорочна соработка меѓу Чајетина и Карпош, со цел зајакнување на туризмот и економските врски.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЕП: Муртезани и Кацарска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МЕП и...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска денеска во Министерството за европски прашања (МЕП) на...