spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Првпат отворен педијатриски пунк во поликлиника Бит Пазар

МЗ: Првпат отворен педијатриски пунк во поликлиника Бит Пазар

Во поликлиника Бит Пазар првпат досега е отворен педијатриски пунк, кој ќе работи секој ден од 19:30 навечер до 07:30 наутро и во недела 24 часа, додека во сабота од 07:30 до 19:30.Пунктот е целосно реновиран, опремен е со нов медицински мебел, инвентар и потребните медицински средства од Здравствен Дом Скопје.

Во педијатрискиот пункт ќе се прегледуваат деца од педијатриска возраст (0-14 год.) на населението од град Скопје и околните населени места.Тимот е составен од доктор специјалист–педијатар, медицинска сестра и лаборант вработени во нашата институција. Во моментот оваа институција располага со 11 доктори специјалисти педијатри, кои ќе бидат ангажирани во педијатрискиот пункт.

Во него работат педијатрите-концесионери по нивен распоред за дежурства. Прегледот опфаќа општ педијатриски преглед, тераписки пристап (симптоматска, инхалациска и и.м. терапија), лабораториски анализи (крвна слика, ЦРП и урина).

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте