spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Продолжува процесот на децентрализација во областа на социјалната заштита

Гази Баба: Продолжува процесот на децентрализација во областа на социјалната заштита

Градоначалникот Бобан Стефковски е претседател на Комисијата за социјална заштита и инклузија во рамки на ЗЕЛС чија цел е децентрализација на социјалната заштита од централно на локално ниво. Тој денес претседаваше со седницата на која ја разгледуваа анализата на процесот на децентрализација во оваа област.

На седницата беа утврдени краткорочни, среднорочни и догорочни препораки на временски интервал од една до три години.

Во периодот пред нас ќе се формира работна група од единиците на локалната самоуправа, која во соработка и под менторство на Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе отпочне процес на дефинирање приоритети за децентрализација на социјалните услуги.

Целта на овој процес е да се овозможи полесен пристап на граѓаните кон законски утврдените социјални услуги во Република Македонија.

Веруваме дека Владата ќе го продолжи процесот на децентрализација во областа на социјалната заштита кој е започнат во 2002 година, но за жал се одвива бавно и се уште не е завршен.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте