spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Продолжуваат инфо средбите за објавениот Јавен повик за мерката 1 од...

МЗШВ: Продолжуваат инфо средбите за објавениот Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД Програмата

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжуваат со кампањата и инфо средбите за објавениот Јавен повик за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3).

Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој Јавен повик е 29 март 2025 година.

  • На 24ти февруари 2025 година (понеделник), инфо средби ќе се одржат во Тетово, со почеток  од 11:00 часот во Универзитетот Тетово – Факултет за прехранбена технологија и исхрана и во Јегуновце со почеток од 14:00 часот во општинската сала.
  • На 25ти февруари 2025 година (вторник), инфо средби ќе се одржат во Свети Николе, со почеток  од 11:00 часот во општинската сала и во Велес со почеток од 14:00 часот во општинската сала.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат и на следниве веб страници и телефонски броеви:

–      Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;

–      Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати) и

–      Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте