spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСП: “Сите заедно за почист воздух“

МЖСП: “Сите заедно за почист воздух“

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со ЗЕЛС и општините, а согласно Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024-2025, иницираше координирана акција за собирање кабаст отпад и градежен шут кој е препознат како еден од изворите на загадување на воздухот, нареченa ‘Сите заедно за почист воздух’.Пилот акцијата на МЖСПП се спроведува во текот на три месеци: февруари, март и април во 8 градови низ државата, а во неа се приклучија општините Битола, Куманово и скопските општини Гази Баба, Центар и Кисела Вода.Во текот на овие три месеци од 15 до 20 во месецот, граѓаните ќе можат бесплатно да го одложуваат кабастиот отпад и градежниот шут, а општинските претпријатија ќе ги собираат и дислоцираат на соодветно место.Локации за одложување на кабаст отпад и градежен шут се следните: Во општина Битола граѓаните ќе можат бесплатно да го одложуваат кабастиот отпад и градежниот шут на следните локации:ЈП Комуналец локација за одложување на кабас отпад во стопанскиот двор на претпријатието во посебно определен дел на дворот на улица 16та ббJП Нискоградба локација за одложување на габаритен отпад во стопанскиот двор на претпријатието на улица 16та ббВо општина Куманово овој тип на отпад ќе се собира на следните три локации:паркинг Спортска сала,паркинг Пожарна, ипаркинг Кошеви во населба Трговски. Општина Гази Баба, ЈКП “Гази Баба”, има лоцирани 5м3 контејнери на следните локации:Населено место Раштак – во близина на игралиштитето,Населено место Булачани – во близина на ООУ “Св.Наум Охридски”Населено место Виниче – во близина на автобуската постројка,Населено место Смилковци – во близина на црквата “Св. 40 маченици”,Населено место Брњарци – во близина на ООУ “Св. Крсте Мисирков”,Населно место Страчинци – во близина на џамијата,Населено место Стајковци – во близина на ООУ “Св. Кирил и Методиј” Во општина Центар граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат кабастиот отпад на три локации:во населба Пролет, кај Феријален дом,во Капиштец, на улица „Загребска“, во близина на КТКво Буњаковец, на улица ,,Костурски херои“, во близина на Вучко. Во општина Кисела Вода бесплатно собирање на кабаст отпад и градежен шут во наведениот период ќе се врши на следните локации:Урбана заедница (УЗ) Пржино – ул. Милан Мијалковиќ (зад УЗ Пржино) и ул. Мариовска (покрај стовариштето на Треска)УЗ Црниче – ул. Наум Охридски (пред УЗ Црниче) и ул. Ениџе Вардарска (наспроти кладилница Копачка)УЗ 11 Октомври згради – ул. Пушкинова бр. 4 и ул. Михаил Чаков спроти УЗ 11 Октомври – зградиУЗ 11 Октомври бараки – Зад Космофон во делот покрај детско игралиште и ул. Лазар Димитров кон Трим-патека на вториот влезУЗ Кисела Вода – ул. Христо Татарчев бр.72 (кај амбулантата) и ул. 14 Декември (кај подземните контејнери)УЗ Расадник – ул. 1511 (наспроти Кватро кафе) и пред сала Расадник зад паркот за миленициУЗ Цветан Димов – ул. Емил Зола бр. 7 и ул. Георги Димитров зад економското училиштеУЗ Бирарија – ул. Томе Арсовски наспроти парк Бирарија и ул. Фредерик Шопен зад училиштето „Кузман Јосифовски Питу“МЗ Пинтија – ул. Јабланица (на местото Славија веднаш до МЗ Пинтија) и ул. 1513 под делот на детска градинкаМЗ Усје – Паркингот пред МЗ Усје и на влез во УСЈЕ (десно до оградата на Цементара-Усје)МЗ Припор – ул. Христо Татарчев крак 14/159 и Под објектот на МЗ ПрипорМЗ Подстаница – ул. Сердарот бр.115 (кај фудбалско игралиште) и ул. Сердарот бб (пред МЗ Подстаница)МЗ село Драчево – ул. Китка (слободниот простор покрај гимназијата) и ул. Драчевска бр. 92 (пред стара пошта)УЗ Бобан Трпков – населба Драчево – ул. Бранко Заревски (зад УЗ Населба Драчево) и ул. Бранко Заревски бр. 17 (стакларска зграда)МЗ Стаклара – ул. 1519 (делот кај трансформаторот спроти продавницата) и ул. 1520 (кај ширината пред почетокот на куќите). Министерството за животна средина и просторно планирање ги охрабрува сите општини во државата да вклучат во коордираната акција и ги охрабрува општествено одговорните компании во општините, да се приклучат на оние општини што не се во состојба самостојно да ја извршат оваа обврска.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте