Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнувањето на целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улицата Неџат Аголи, во општина Чаир.Меџити истакна дека вкупната вредност на проектот поддржан од МЖСПП е над 9 милиони денари, и истиот е многу суштински проект за жителите на улицата Неџат Аголи и додаде дека на Чаир, во 2025 година му следуваат дополнителни 9 милиони евра.

Со овој проект ќе се поврзат над 50 домаќинства на новата водоводна и канализациона мрежа, а по неговото завршување за два месеци жителите ќе имаат и целосно асфалтиран пат’-изјави првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.Тој додаде дека со овој проект, започнува имплементација на низа инфраструктурни проекти, околу 50, во општина Чаир во вредност со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, со вкупна вредност од 2.8 милиони евра.Како Министерство и како Влада, додаде Меџити, инвестираме во сите општини за една единствена цел, подобрување на животниот стандард на граѓаните кои ни дадоа глас и поддршка да работиме за нив.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање