Државната комисија за спречување на корупцијата оствари работна посета на Агенцијата за спречување на корупцијата на Косово.
Во рамите на посетата е разговарано за воспоставување на меѓусебна соработка преку потпишување на Меморандум со кој ќе се овозможи координација на двете институции во борбата против корупцијата.
Двете институции се согласија за изготвување на акционен план за размена на искуства и организирање на заеднички активности.

Меморандумот за соработка ќе биде потпишан во месец март, со што ќе се воспостават ефикасни механизми за институционален интегритет и транспарентност.
