spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСалиу: Се одржа првиот состанок на Националното координативно тело за следење на...

Салиу: Се одржа првиот состанок на Националното координативно тело за следење на имплементацијата на стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030

Во својство на Национален координатор, денес раководев со првиот состанок на Националното координативно тело (НКТ) за следење на имплементацијата на стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, во нов состав. Во рамки на дневниот ред на состанокот, од страна на членот на НКТ – претставник на мојот кабинет, беа презентирани измените на стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030.

Претставниците на министерствата кои се вклучени во спроведувањето на стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, во својство на членови на НКТ, ги презентираа спроведените тековни и идни активности преземени од нивните институции, во насока на подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија. Спроведувањето на националните планови предвидени со стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 ќе продолжи и во иднина, со што уште повеќе ќе се зацврсти меѓуинституционалната соработка.

Извор: Влада

Прочитајте

МЈА: ДЕМАНТ – ДУИ ШИРИ ЛАГИ И ЈА ДЕЗИНФОРМИРА ЈАВНОСТА

0
Министерството за јавна администрација, односно Државниот управен инспекторат, најостро ги демантира лагите и манипулациите што Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги шири во јавноста....