ЈАВЕН ПОВИК
за доделување субвенции на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи на подрачјето на Општина Центар – Скопје
Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување субвенциии на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи на подрачјето на Општина Центар – Скопје.
Јавниот повик е отворен од 25.02.2025 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар-Скопје, односно до 31.12.2025 година.
Со овој Jавен повик ќе се субвенционираат сите млади жители на општината, кои во текот на 2025 година навршуваат 18 години, односно сите родени во 2007 година, а живеат во Општина Центар – Скопје најмалку една година.
Субвенцијата е во висина од 10.000,00 денари за полагање на возачки испит Б-категорија.
Субвенцијата може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи регистрирани на подрачјето на Општина Центар.
Потребно е да се достават следните документи:
- Барање за субвенција за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи на подрачјето на Општина Центар – Скопје.
- Копија од лична карта;
- Копија од трансакциска сметка;
- Доказ за извршена уплата во автошкола.
- Доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар – Скопје.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака 6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на Јавниот повик (25 февруари 2025). По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.
Правото на субвенција е еднократно.
За сите дополнителни информации,граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-680 или на следната е-пошта elif.idris@centar.gov.mk
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
Барање-за-субвенција-на-возачки-2025
Правилник за субвенционирање на млади
Извор: Општина Центар