На брифинг со новинарите, директорката Елена Петрова заедно со тимот ја претставија првата целосно дигитализирана услуга на УЈП – „е-Уверение за состојба на остварен доход“!
Услугата е достапна за сите граѓани, вклучително и странци со привремен или постојан престој во земјата, кои се регистрирани корисници на системот „е-Даночни услуги“, како и за корисници кои допрва би се регистрирале на системот. Граѓаните ќе можат да го добијат своето е -Уверение за состојба на остварен доход за минат и за тековен период.
Придобивките од оваа нова електронска услуга се:
- Брзо и едноставно издавање на е-Уверение во рок од 5 минути;
- Без чекање во редови или потреба од физичко присуство во УЈП;
- Достапно 24/7 преку платформата „е-Даночни услуги“;
- Потполна сигурност и доверливост, со електронски временски жиг и QR код за верификација на документот.
Со оваа дигитализирана услуга го намалуваме времето и трошоците поврзани со процесот на обезбедување на овој документ и преку лесен и брз пристап до истиот, во секое време.
Преку платформата „е-Даночни услуги“ услугата е веќе достапна и може да се користи.
Извор: Управа за Јавни Приходи