spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Средба на Муртезани со европратеникот и известувач на ЕП за Северна...

МЕП: Средба на Муртезани со европратеникот и известувач на ЕП за Северна Македонија, Томас Вајц

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари средба со австрискиот европратеник Томас Вајц, новоименуваниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија.

Средбата се одржа во пресрет на 23-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-Европската Унија, кој претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата. Муртезани и Вајц укажаа на значењето на овој форум како простор за конструктивна размена на ставови и унапредување на соработката, со цел побрза интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

Во фокусот на разговорот беа Реформската агенда и Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан, како двигатели на евроинтегративниот процес. Министерот Муртезани истакна дека Северна Македонија останува посветена на клучните реформи во владеењето на правото, борбата против корупцијата и економскиот развој, нагласувајќи дека овие напори се од суштинско значење за напредокот во пристапните преговори. Европратеникот Вајц ја потврди поддршката на Европскиот парламент, нагласувајќи дека доследното спроведување на реформите ќе биде клучен фактор во следната фаза од процесот.

Посебен акцент беше ставен и на Зелената агенда, при што Вајц го поздрави ангажманот на Северна Македонија за одржлив економски раст и енергетска независност преку зелени иницијативи. Беше истакнато дека Европската Унија, преку Планот за раст и други механизми за финансиска поддршка, ќе продолжи да ја поддржува земјата во спроведувањето на реформските приоритети.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Ѓорче Петров: Реконструкција на клучни улици

0
Општина Ѓорче Петров започна со целосна реконструкција на коловозите на улиците Никола Вукмировиќ и Вера Циривири Трена, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри и должина од 650 метри. Овие...